Состојки:
– 150 гр спанаќ
– главица кромид
– една лажица путер
– чешне лук
– сол, бибер
– 4 филети од пилешки гради
– 75 гр фета сирење
– 50 гр брашно
– 1 јајце
– 50 гр брашно за поховање
– 3 лажици масло
Подготовка:
Спанаќот исчистете го, измијте го и оставете го да се исцеди. Кромидот и лукот исчистете ги, исечкајте ги и пржете ги на путер.
Додадете го спанаќот, па динстајте го врз кромидот околу 10 минути. Динстајте додека течноста не испари. Зачинете со сол и бибер, измијте го и исушете го месото, па исечете џеб по должина, сирењето исечете го на коцки, па додадете го во спанаќот.
Филетите наполнете ги со добиената смеса од спанаќ и фета сирење и на крајот затворете ги со дрвени стапчиња или чепкалки.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Месото валкајте го прво во брашно, потоа во убаво изматено јајце и на крај во презла.
Пржете го месото на масло околу 5 минути со постојано вртење. Потоа наредете го месото во длабока тава намачкана со путер и печете 10 минути.