Рецепт за печено пилешко во сос од путер за кој потајно ќе фантазирате

од Vladimir Zorba

Потребни ви се само 5 минути за да го подготвите ова прекрасно сочно и миризливо јадење, а остатокот ќе го направи рерната за помалку од половина час.

И штом ќе вкусите вака печено пилешко, ќе се фатите како потајно сте фантазирате за него.

Разбираме, така ни беше и нас.

Состојки:

* 4 парчиња пилешки гради без коски и без кожа
* 8 супени лажици путер
* 6 чешниња лук, мелени
* 1 лажица свежо сечкан магдонос
* 1/2 чаша рендан пармезан
* масло
* сол
* бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени.

Зачинете го пилешкото со сол и бибер и ставете го во сад за печење подмачкан со масло.

Во тенџере растопете го путерот. Додадете го лукот и варете на тивок оган со постојано мешање околу 3 минути.

Додадете магдонос и тргнете го од оган. Истурете го путерот од лук врз пилешките гради.

Печете околу 20 до 25 минути, додека месото не се свари.

Посипете со пармезан и печете додека се растопи и добие убава боја.

На здравје!

Слични содржини