Толку едноставно, а толку вкусно – ќе ви стане омилено јадење.
СОСТОЈКИ:
неколку парчиња пилешки гради
3 јајца
сол
бибер
брашно
презла
200 гр кисела павлака
малку сенф
1/2 кесичка инстант од печурки
масло
магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Месото исечкајте го на шницли и исчукајте го, посолете, побиберете и намачкајте со сенф, па извалкајте во брашно, па во разматени јајца кои малку сте ги посолиле. Шницлите провлечете ги низ презла и пржете ги на масло да поруменат.
Вадете ги на хартиена салфета да ја впие маснотијата. Во тава ставете малку од маснотијата и ставете сечкан лук, потоа додајте павлака да се растопи. Во чинија ставете инстант од печурки, додајте малку вода и ставете во павлаката и измешајте малку да зоврие.
Тргнете од шпорет. Шницлите наредете ги во чинија па прелијте ги со прелив од печурки и павлака.