Поинаков туризам што не е за сите: Би се осудиле ли?

од desk2
165 прегледи

Најновиот документарец на Netflix посветен е на феноменот на мрачен туризам и ги истражува дестинациите кои промовираат смрт, уништување, катастрофи и трагедии.

Мрачниот патепис е прикажан премиерно на 20 јули, а осум епизоди од првиот серијал посветени се на региони во САД; Европа, Латинска Америка, Јапонија, Казахстан и Туркменистан, Африка и Југоисточна Азија.

Новозеландскиот новинар Дејвид Фариер во секоја нова епизода истражува по неколку локации со бизарни туристички атракции. Некои од нив се многу необични, како оние за подготовка за крај на светот, други се посветени на сериски убијци, а некои се навистина опасни и етузијастите се изложуваат на радијација и торутура.

Додека едни се одушевени со новите патеписи на новозеландскиот новинар, други сметаат дека појавувањето на платениот убиец Пабло Ескобар како водич и индонезискиот ритуал на ископување лешеви е непримерно за гледачите.

https://www.youtube.com/watch?v=XaJRQfDd83I