781
Направете вкусни питички-триаголници.
СОСТОЈКИ:
1 пакување готови кори за пита
200 гр. фета
1 јогурт
200 гр. шунка
оригано, масло и сусам
ПОДГОТОВКА:
Се мати сирењето со јогурт и се остава.
Се премачкува кора со сирење, се става салама и оригано, се преклопува како триаголник.
Се редат на тепсија со хартија и се става малку масло и сусам.
Се печат додека не поруменат на 180 степени.