Покачување на минималната плата или протести, најави од ССМ

од Даниел Ѓорѓиевски
36 прегледи

ССМ излегува на протести доколку нема слух од страна на властите. Од претседателството на ССМ и претседателот Слободан Трендафилов беше потврдено ова на денешната прес конференција во седиштето на сојузот на синдикати.

,,Претседателството на ССМ како што направивме минатата година, на 2 и 7 април и 1 мај големи се шансите доколку нема слух да излеземе на протести како минатата година и да покажеме дека ние работниците ја враќаме работничката класа на голема врата, имајќи предвид дека се обидуваат да ни го прават тоа што ни го правеа претходниците’’ изјави првиот човек на ССМ

Од ССМ нагласија дека ќе побараат поддршка од европската и меѓународната организација на синдикати, кои ќе бараат,  да бидат директно вклучени во процесите во Македонија, но и пред европската комисија. Од ССМ порачаа дека вакви напади кон репрезентативни синдикати има само во режимски системи и држави, а од страна на претседателот на ССМ беше нагласено дека во Европа ваков случај е забележан само во Белорусија.

,,Претседателството одлучи да побара поддршка од братските и сестрински синдикати, европската и меѓународната организација на синдикати и да побара нивно вклучување во процесите во Македонија но и пред Европската Комисија со цел да се покаже дека само во држави каде што има режим се напаѓаат синдикатите и претставниците на синдикатите, а последен таков случај е Белорусија. Доколку Македонија сака да биде Белорусија наместо дел од ЕУ може да продолжат да го прават тоа’’ изјави Трендафилов.

Од ССМ порачаа дека очекувале разбирање од страна на Владата за зголемување на минималната плата, но наместо соработка добиле ниски удари  и обиди за етикетирање на сојзуот на синдикати како механизам со кој опозицијата сака да прави опструкции на власта.

,,ССМ очекуваше владата да има разбирање за зголемување на минималната плата меѓутоа, она што го добивме во изминатите три месеци се ниски напади од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која, наместо да се пресметува со другите структури одбра да се пресметува со ССМ што е недопустливо и недозволиво да го напаѓаат ССМ и да кажуваат дека работи за опозиција, без да се каже како се координиравме со нивните претставници кога беа во опозиција’’ изјави Трендафилов.

Првиот човек на ССМ Трендафилов и овој пат ги отфрли обвинувањата на власта дека работи за опозицијата, нагласувајќи дека неговата позиција нема политичка моќ како што сакаат  да биде прикажано од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ која меѓу другото непрекинато се обидува да инсталира ново раководство кое нема да работи во интерес на работниците.

,,Јас лично како Слободан Трендафилов не знаев дека сум толку јак да ја обединам целата опозиција да застане позади мене и да ја обединам опозицијата за минималната палата, а од друга страна, партијата на власт да се плаши од еден човек на кој сакаат да му ја скинат главата. Тоа што сакам да го порачам е дека без оглед дали нападите доаѓа од власта или опозицијата,  СММ опостојува 79 години во Македонија и единствено е на страната на работниците “ изјави Трендафилов.

Од ССМ ја оставија отворена можноста за договор со власта пред да излезат да протестираат, ако не успеат да се договорат, како што веќе и најавија, ќе има масовни протести.“

Слични содржини