Покетино е нов селектор на САД

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино не остана долго без работа откако го напушти менаџерското место на Челси на крајот од минатата сезона.

Американските медиуми објавија дека тој ја прифатил понудата да биде селектор на репрезентацијата на САД и ќе ја предводи таа селекција на Светското првенство во 2026 година, чиј домаќин ќе биде Канада и Мексико.

Покетино летово не сакаше да му се врати на клупскиот фудбал, па реши првпат во кариерата да преземе репрезентација.

САД се надеваат на добар пласман на Мундијалот и покрај тоа што немаат голем потенцијал во тимот. Покетино ќе има тешка задача да дојде до резултат, но има и две години да изгради добар состав.

Слични содржини