Покетино и официјално селектор на САД

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Аргентинскиот стручњак Маурисио Покетино и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Соединетите Американски Држави!

Покетино долго време се сметаше за наследник на Грег Берхалтер, кој беше отпуштен по лошиот настап на САД на Копа Америка, за конечно да добие шанса да дебитира како тренер.

– Одлуката да се приклучам на ФС САД не беше фудбалска само за мене. Станува збор за патот по кој е тргнат овој тим и оваа земја. Енергијата, страста, гладот ​​да се постигне нешто навистина историско овде, тоа се работите кои ме инспирираа – изјави Аргентинецот.

Доброто за него е што САД ќе бидат домаќини на следното Светско првенство и сигурно ќе биде таму, додека Покетино првиот меч на клупата ќе го „одработи“ во октомври против Панама.

Последната работа му беше во сезоната 2023/24 во Челси, а претходно ги водеше ПСЖ, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.

Слични содржини