Покрај пријавите, полицијата ќе врши и самостојни проверки за новогодишната ноќ

од Берта Китинска
303 прегледи

Ние не викаме дека не смеат да бидат издадени викенд куќите или становите за време на празниците, значи објектите може да се издадат на едно семејства кое само ќе престојува. Ако бидат затечени повеќе од 4 лица тогаш ќе биде поднесена кривична пријава, вели Оливер Спасовски во гостувањето на Утрински Брифинг.

На прашањето како и по кој начин полицијата ќе бира во кој објект ќе изврши надзор, бидејќи и во домовите ќе има гласна музика за време на новогодишната ноќ министерот вели дека насекаде ќе има контроли.

-Покрај пријавите ќе има и самостојни проверки од страна на полицајците секако таму каде што нема групирање на лица без разлика на гласната музика, тоа нема да биде проблем и погласна музика не го шири вирусот. Гласна музика во комбинација со многу луѓе, алкохол, наркотични средства може да предизвика ширење на вирусот, вели Спасовски.

 

Слични содржини