Пократок сон се лекува со пообилен појадок

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Помалку кофеин и солиден појадок. Тоа е рецептот на експертите, со кој може да се лекува раното станување.2ed6ebf1f2e3db18619c3eb432a6099b

Научниците од австралискиот универзитет на Мелбурн ја истражувале врската помеѓу времето на будење и голем број здравствени проблеми.

Според нив, станувањето пред изгрејсонце се одразува премногу негативно врз човековото здравје. Тим од специјалисти дошле до заклучок дека оние кои се принудени да стануваат пред изгрејсонце, наместо да се разбудат на природен начин, добиваат хормоналната нерамнотежа, пишува “Дејли експрес”.

Кога сонцето изгрева нивото на хормонот мелатонин, кој помага во природното заспивање, опаѓа. Во исто време се зголемува нивото на кортизол – хормонот, од кој зависи енергијата на човек.

Ова нарушување во хормоните води до зголемување на ризикот од дијабетес, депресија, мозочен удар и срцеви болести, предупредуваат експертите.