Британецот Луис Хамилтон ќе тргне од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Велика Британија во Формула 1 шампионатот.
Хамилтон на патеката „Силверстоун“ беше најбрз во квалификациите, пред тимскиот колега Нико Розберг од Мерцедес и Макс Верстапен од Ред Бул.
Британецот по 55. пат во својата кариера ќе ја предводи колоната на трка во Формула 1.
По „тројката“ следуваат Даниел Рикардо од Ред Бул, двоецот на Ферари Кими Раиконен – Себастијан Фетел, Валтери Ботас од Вилијамс, Нико Хулкенберг од Форс Индија,…