Пол-позиција за Леклер на ГН на Австралија

од Vladimir Zorba

Шарл Леклер ќе ја има пол-позицијата на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. Втор ќе стартува Макс Верстапен, а трет Серхио Перез. На четвртото место се најде Ландо Норис, а петти Луис Хамилтон.

Шарл Леклер го имаше најбрзиот круг со време од 1:17.868, додека Макс Верстапен беше зад него, со заостанување од 286 илјадити делови од секундата. Во вториот ред се најдоа Серхио Перез и Ландо Норис, следени од Луис Хамилтон, кој ги поправи сите грешки во самиот финиш од Q3 делот од квалификациите.

Џорџ Расел го зазеде шестото место, Даниел Рикардо седмото, Естебан Окон осмо, а Карлос Саинц деветто.

За време на Q3 делот од квалификациите, Фернандо Алонсо доживеа несреќа поради дефект на хидрауликата на неговиот Алпин. Тоа предизвика да се постави црвеното знаме, а најпогоден беше Карлос Саинц. Беше во брз круг и идеален момент да го постави најдоброто време, но мораше да да се откаже на 50 метри пред целта.

Двајцата Шпанци го извлекоа најтешкиот крај во Q3, Саинц ќе биде деветти бидејќи не успеа да го поправи времето во последното излегување и веројатно под влијание на претходната ситуација погреши во својата последна шанса. Алонсо немаше време во Q3 и заврши десетти.

Слични содржини