Пол-позиција за Леклер пред Гран при на Азербејџан

од Vladimir Zorba

Возачот на Ферари, Шарл Леклер ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Азербејџан во Баку во Формула 1.

Леклер заврши како водечки во квалификациите пред пилотот на Ред Бул, Серхио Перез, додека неговиот тимски колега – Макс Верстапен заврши трет.

Другиот возач на Ферари, Карлос Саинц, го освои четвртото место, додека Џорџ Расел од Мерцедес беше петти.

Топ десет ги комплетираа Пјер Гасли, Луис Хамилтон, Јуки Цунота, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

За Леклер ова беше шеста пол-позиција сезонава во Формула 1 шампионатот.

Трката за Големата награда на Азербејџан е закажана за утре во 13 часот.

Слични содржини