Полетаа Ф-16 среде руски напад со дронови на Украина – Романија реагираше бргу

од desk2
38 прегледи

F-Најновиот напад ноќеска од руска страна со дронови врз територијата на Украина, го натера Букурешт да нареди полетување на два борбени авиони-ловци Ф-16, соопшти романското министерство за одбрана.

Ноќеска, среде масовниот руски напад со дронови, од кој дел е близу територијата на Романија, реагирало военото воздухопловство на Романија.

„Ноќта помеѓу 5 и 6 август, руските сили почнаа масовен напад со дронови врз граѓанска инфраструктура во реонот на Измаил, Украина, блиску до границата со Романија. Нашите радарски системи регистрираа воздушни цели во украинскиот воздушен простор близу до Тулчеа“, се вели во соопштението.

Експлозиите во Украина биле видени од романскиот брег на Дунав, во Галац и Браила.

Воздушната тревога траела 90 минути.

Имало и повици до итните служби, кои дојавувале за пожари близу Тулчеа, но и Исакча, но екипите што биле испратени на терен не виделе ништо од пријавеното. Сепак, бидејќи пожарите на украинска територија биле близу до романската граница, биле активирани јуришните авиони Ф-16 во состојба на готовност.