Н.М.(33) од с.Слатино, Тетовско, бил уапсен денеска во 14:20 часот во СВР Тетово, под сомнение за кривично дело „напад на службено лице во вршење работи на безбедноста“.
Апсењето се случило по претходна пријава од страна на И.А. полициски службеник од СВР Тетово, кој што истиот ден во просториите на полициската станица бил физички нападнат од пријавениот, вели МВР.
Според пријавата Н.М. околу 13:15 часот дошол на работното место на пријавителот и откако упатил вербални закани по животот на И.А. и на членови од неговото семејство, физички го нападнал пријавителот.
Интересно е што вчера 18:10 часот, во врска со истиот настан, и Н.М. поднел пријава против И.А. во СВР Тетово, поради сторено кривично дело загрозување на сигурноста.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, порачува СВР Тетово.