Полицаец и три лица од Бугарија повредени во сообраќајка кај Струмица

од Stefanija Kuzmanovska

Четири лица, меѓу кои и еден полицаец, биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Радовиш-Струмица, информира МВР.

Несреќата се случила меѓу патничко возило „шкода октавија“ сопственост на МВР и патничко возило „хонда“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.Р.С.(36) од Република Бугарија.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле еден полициски службеник и тројца сопатници во возилото „хонда“ од Република Бугарија, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид извршила екипа на СВР Струмица.

Слични содржини