Локалните власти објавија снимка од камера на телото на полицаецот кој застрелал 11-годишно момче во Мисисипи. На видеото се гледа како полицаецот од Индијанола, Грег Каперс, пристигнува во домот на 11-годишниот Адериен Мари рано наутро минатиот мај, откако момчето повикало полиција бидејќи неговиот татко ѝ се заканувал на мајка му.
Прикажан е и моментот во кој Каперс пука во градите на невооруженото момче, во моментот кога момчето влегло во собата и ги кренало рацете. Момчето преживеало, но се здобило со сериозни повреди и морало да мине низ скапо лекување, пишува „Ројтерс“.
Полицаецот беше ослободен на суд
Во декември полицаецот беше ослободен на суд бидејќи поротата заклучи дека немал криминална намера кога пукал во момчето.
Родителите на момчето поднеле и граѓанска тужба против полицаецот, градот Индијанола и началникот на полицијата. Тие бараат отштета од пет милиони долари за „непромисленото непочитување“ на правата и безбедноста на семејството Мари од страна на Каперс.
The City of Indianola fought hard to prevent the release of the body camera footage of Officer Greg Capers shooting my unarmed client, 11 year old Aderrien Murry, in the chest. I guess they forgot that the MBI investigation was over and that the media outlets could get it. pic.twitter.com/JjbZJsJdd9
— Attorney Carlos Moore (@Esquiremoore) January 6, 2024
Адвокатот: Се обидоа да спречат да се објави снимката
Властите им дозволија на мајката на момчето и нејзиниот адвокат да ја погледнат снимката, но им беше забрането јавно да го објават видеото.
„Градот Индијанола напорно се бореше за да го спречи објавувањето на снимката од камерата на телото на полицаецот Грег Каперс како пука во мојот невооружен клиент. Претпоставувам дека заборавиле дека истрагата е завршена и медиумите сега можат да пристапат до снимката“, напишал адвокатот Карлос Мур на X.
Државното обвинителство на Мисисипи најави дека нема да презема никакви дополнителни кривични дејствија во врска со овој случај.