Полиција привела неготинец агресивен кон мајка си

од Vladimir Zorba
202 прегледи

Полиција привела неготинец агресивен кон мајка си, лишен бил од слобода кавадарчанец поради над сто таблети екстази, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 11.05 часот на улица „Васка Калајџиска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле Б.П.(36) од овој град, затоа што на јавно место се довел во алкохолизирана состојба и агресивно се однесувал кон неговата 51-годишна мајка. Б.П. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.

Слични содржини