Полицијата фатила тројца малолетници како пијат алкохол на Градскиот базен во Виница, а возрасен маж рипнал да тепа двајца полицајци, па избегал!

од desk2
32 прегледи

Во Виница ноќеска е спроведена контрола, при што било утврдено дека на тројца малолетници – еден на 14-годишна возраста, двајца на 16-годишна возраст – во Виница им бил послужен алкохол. Исто така, во контролата извршена на Градскиот базен, 34-годишен виничанец се нафрлил на двајца полицајци, а потоа им избегал, соопшти МВР.

Во периодот од 23:50 часот до 2 часот, полициски службеници од СВР Штип во содејство со инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување, од Државен пазарен инспекторат, од Трудов инспекторат, од Управа за јавни приходи и Центар за јавно здравје-Кочани, извршиле контрола врз работењето на Градскиот базен во Виница.

При тоа, легитимирани се 19 лица, извршен е преглед врз осум лица, а од страна на полициските службеници во објектот са затекнати и три малолетни лица, од кои две на 16 годишна возраст од Виница и едно на 14 годишна возраст од Кочани, како конзумираат алкохолни пијалоци.

Известен е јавен обвинител од ОЈО Кочани и по негови насоки, од малолетниците, во присуство на родител/старател, земени се изјави, материјал за анализи и извршено е алкотестирање.

При вршењето на контролата од страна на У.М. (34) од Виница прво вербално, а потоа и физички биле нападнати двајца полициски службеници, по што У.М. се дал во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

Покрај ова, и од страна на Државниот инспекторат за труд при контролата констатирани се прекршоци во делот на нерегулирани работни односи на дел од вработените во угостителскиот објект Градски базен.

Слични содржини