Полицијата го расчисти случајот со вејачот на знамето со „Голема Албанија“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
506 прегледи

Како што пред неколку дена најави министерот за внатрешни Оливер Спасовски, полицијата го расчисти случајот со вејачот на знамето на „Голема Албанија“ и поднесена е кривична пријава до обвинителството, дознаваме од извори во истрагата.

Според нашите извори, се работи за 21-годишниот А. М..

Да потсетиме, на 11 август, при посетата на косовскиот премиер Албин Курти, на плоштадот во Тетово беше веено знамето на „Голема Албанија“.

Веднаш беа поднесени пријави против општината и одговорното лице, а сега и кривична пријава против вејачот на знамето.

Слични содржини