Полицијата ја пронајде исчезнатата малолетничка од прилепско

од Nikola Popovski
665 прегледи

Полицијата ја пронашла малолетничката Ана Марија Ѓореска од прилепско Пешталево, која од вчера била пријавена за исчезната.

Според извори од МВР, девојчето било најдено на територија на Битола и во моментов е со своите родители.

Роднините на девојчето синоќа објавија на социјалните мрежи дека 15-годишното девојче за последен пат било видено на автобуска постојка во селото Ропотово и дека чекало превоз.

Слични содржини