41
Пронајдена е малолетничката која беше пријавена за исчезната пред два дена од страна на нејзината мајка.
Според полицијата, на 24.02.2025 во 13.20 часот во с.Варвара, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле М.Р.(13) од Скопје. Девојчето било предадено на нејзината мајка.
Пред два дена во 18:30 часот, Е.Р. (52) од Скопје пријавила дека нејзината ќерка, М.Р, се оддалечила од домот. Тогаш од МВР соопштија дека девојчето е во безопасна ситуација.