Полицијата на нозе: Се трага по две малолетнички кои не се вратиле дома

од Nikola Popovski
75 прегледи

Две девојчиња, на возраст од 13 и 14 години вчера излегле од дома и не се вратиле, информираат од СВР Велес.

Тринаесетгодишното девојче го нема од вчера, од 08:00 часот. Таткото, Р.Ј.(39) со привремен престој во село Стари Град, општина Чашка, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Ј.(13). Тој се сомнева дека е со лицето А.К. од село Гостиражни, општина Долнени.

Попладнето, во 17:30 часот А.Е.(46) од Велес пријавила дека се оддалечила нејзината ќерка М.Е.(14). Мајката се сомнева дека девојчето е со лицето С.У.

Велешката полиција презема мерки за пронаоѓање на двете девојчиња.

Слични содржини