Полицијата приведе лице кое предизвикало два пожари

од Nikola Popovski
32 прегледи

Вчера полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.

На 30.07.2024 во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на с. Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл. 227 од КЗ. С. Р е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Дека МВР е на добар пат да открие некој од предизвикувачите, информира синоќа директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

-МВР засилено работи во пронаоѓање на причинителите на пожари, истакна Ангелов.

Вчера рекордни 54 пожари во земјава, а 19 уште активни. Пожарот што вчера изби во атарот на пехчевското село Негрево е исклучително силен и тежок за гаснење. Ангелов дополни дека ризичен е и атарот во кумановско, како и селото Негрево и Пехчево.

Слични содржини