Полицијата уби маж само неколку дена откако Трамп го помилува

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Маж од американската сојузна држава Индијана беше запрен и убиен од полицијата, само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп го помилува за прекршок поврзан со нападот во Капитол во 2021 година, објави Си-Ен-Ен.

Четириесет и двегодишниот Метју Хатл од Хобарт Сити бил застрелан и убиен од полицаец од округот Џаспер во неделата, соопштија властите.

Државната полиција го истражува инцидентот и рече дека полицаецот се обидел да го уапси Хатл кога „избувнала расправија меѓу осомничениот и полицаецот, што резултирало со употреба на оружјето и смртно ранување на осомничениот“.

Во Капитол бил 16 минути и тоа го снимил.

„Истрагата, исто така, укажува дека при застанувањето (на неговото возило), осомничениот носел огнено оружје“, додаде државната полиција.

Не беа објавени други детали, а властите не кажаа што ја поттикнало сообраќајната контрола. Хатл беше осуден на шест месеци затвор во 2023 година, откако се изјасни за виновен за неовластено влегување во Капитол.

Тој отпатува во Вашингтон со неговиот вујко за да присуствува на митинг за поддршка на Трамп на 6 јануари 2021 година.

Слични содржини