Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата. Според неофицијалните информации, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.
Целта на оваа акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин и хероин.
Меѓу приведените, неофицијално се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.