Припадници на специјалните полициски сили од утрово спроведуваат акција во Тетово и Охрид, по налог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
-Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица, информираат од ОЈО ГОКК.
Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот. Неофицијално веќе има неколку приведени лица.
Пред два дена имаше исто така голема акција на полицијата и Обвинителството, под името „Премин“, спроведена во струмичко-гевгелискиот регион резултираше со истражна постапка против 16 лица. 14 цариници, еден нивни колега во пензија, но и еден полициски службеник.
При претресите откриени биле 50.000 евра кои биле дадени за поткуп. Уапсените биле вработени на граничните премини Дојран и Ново село.
Апсените се товарат за примање поткуп, но две лица се сомничат и за злоупотреба на службената положба. Од превозниците на стока барале и добивале поткуп од 20 до 150 евра. Парите ги делеле меѓу себе и не правеле пресметка и наплата на увозните давачки.