Полицискиот хеликоптер исфрлил повеќе од 80 тони вода врз пожарот во Јажинце и Рогачево

од desk2
10 прегледи

Полицискиот хеликоптер од Одделот за Воздухопловни единици на Министерството за внатрешни работи МВР), кој учествуваше во гаснењето на пожарот во реонот на Јажинце и Рогачево, денеска исфрлил преку 80 тона вода, соопшти МВР.

Доцна попладнево пожарот беше значително ограничен и ставен под контрола.

„Координираната акција со помош на земјените сили на терен доведе до успешно стопирање на кракот на пожарот кој се приближуваше кон селата, со што беа спречени можни поголеми материјални штети“, нагласува МВР.

Слични содржини