Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожари

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Два полициски хеликоптера Mi-171 и Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици учествуваа денеска во гасењето на пожарите во државата. Ми-171 дејствуваше на планината Серта, на територијата на општина Неготино, на пожарот кај селото Подлес, на територијата на Кавадарци и на пожарот на територијата на Радовиш.

Како што соопшти МВР, за време на дејствувањето, хеликоптерот во 32 налети исфрли над 80 тони вода.

-Хеликоптерот Бел-412 дејствуваше на пожарите на врвот Лисец, помеѓу селата Г. Јаболчиште и Дреново, и на планината Серта, с. Калањево. За време на дејствувањето во 27 налета исфрли преку 40 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен и останати воздухоплови на терен се дејствуваше да се локализираат огнените стихии, наведуваат од МВР.

Слични содржини