Полицијата го ослободи приведениот за заканите со бомбите во училиштата

од Берта Китинска
135 прегледи

Полицијата по распитот го ослободи приведениот Н.Н. за заканите со бомбите во средните скопски училишта.

„По извршениот службен разговор, во координација со јавното обвинителство извршен е претрес во домот на Н.Н., кој вчера беше приведен поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во средните училишта во Скопје“,соопшти МВР.

Од неговиот дом одземени се предмети за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.

Идеолошкиот и аналитички центар (Think Tank Organization) „Conservative.mk“ вчера информираа дека нивен член е приведен поради сомнение за поврзаност со лажните дојави за бомби во средните скопски училишта. Според центарот, станува збор за Никола Николовски, кои како што велат, „со над 10 службеници е приведен повеќе од 4 часа“.

-ОДГОВОРНО ТВРДИМЕ И ДЕМАНТИРАМЕ ДЕКА НАШИОТ ЧЛЕН НИКОЛА ИМА БИЛО КАКВА ПОВРЗАНОСТ СО ОВИЕ НАСТАНИ. Никола е пред се општествено одговорен граѓанин, активист на Conservative.mk кој е активно вклучен во борбата против дезинформациите и fake news, кој со гордост ја претставувал Македонија на многу настани, натпревари и конференции, вклучително и во Европскиот Парламент, велат од „Conservative“.

Од тинк-танк организацијата потенцираат дека приведувањето на Николовски го сметаат за „класичен напад врз слободата на говор, демократијата и начин како да се притиснат неистомислениците“.

-Но, слободната мисла секогаш на крајот победува, па затоа ќе се погрижиме овој настан да биде целосно расветлен пред органите. Вистинските лица кои стојат позади овој нарачан напад мора да понесат целосна одговорност, како и да се осигураме дека во иднина нема да постои можност од повторување на слични настани, стои во објавата на „Conservative“.

Слични содржини