Полицијата упадна во угостителски објекти: Пет лица приведени, пронајдена дрога

од Nikola Popovski
147 прегледи

Синоќа во периодот од 00.00 до 04.00 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата, приведени се пет лица од кои три по член 215 од Кривичниот законик каде при преглед кај нив била пронајдена дрога, едно лице поради сторено прекршување на член 80 од Законот за оружје и едно лице поради точење на алкохол на малолетници по член 204 од Кривичниот законик.

При тоа констатирани се 70 прекршувања од Законот за угостителска дејност, од кои три за присуство на малолетници по 00.00 часот, две поради прегласна музика…

-Акциските контроли во угостителските објекти продолжуваат и во наредните денови, соопштија од полицијата.

Слични содржини