Повторно се активирам како кандидат за градоначалник затоа што јас како личност заедно со мојата партија „Интегра“ тежнееме да ги промениме животите на граѓаните на Штип на подобро. Со својот интегритет, чесност и доблесност не можам да ги гледам граѓаните во очи и да им ветувам нешто што не ќе можам да го исполнам, затоа моите намери се насочени кон она што ќе го ветам да може да го исполнам, вели во разговор за „Локално“, кандидатот за градоначалник на Штип, Симон Поликарп познат како Џими од „Интегра”.
-За да го заживееме градот економски треба да ги искористиме природните ресурси , а тоа се бањите. Бањскиот туризам би направил економски бум во Штип, исто така потребна е и помош и поддршка за развој на земјоделството поголем пласман на производството за да им се овозможи на земјоделците поголема зарботка.Штип е познат и по текстилната индустрија, би овозможиле преку инвестициски фондови оваа гранка да се развие и да почнат нивните производи да се извезвуаат и да бидат гордост на Македонците и цела Макеоднија, oбјаснува кандидатот за градоначалник.
Според Поликарп најголемиот проблем во Штип е тоа што со години градот нема Детален урбанистички план кој е еден вид на кочница за развој на инвестиции и изградба на фабрики.Воедно тој напоменува дека доколку биде избран за градоначалник би го решил и сообраќајниот хаос како и водоснабдувањето на одередни делови од градот бидејќи во летниот период голем дел од жителите немаат вода.
-Доколку ја добијам довербата од граѓаните Штип ќе стане отворена општина за сите која ќе им понуди помош на немоќните лица, отоворена за соработка , предлози и мислења .Најбитно нешто е тоа што сакаме да поставиме темел за идните генерации транспарентно да се троши буџетот и да се дава отчет за она што ќе се сработи.Сакаме Штип да биде европски град кој како мултикултрно општество ќе биде пример и ќе може да се каже дека луѓе како мене може да раководат на вакава функција , вели Поликарп.
За тоа какви резултати очекува од изборите,тој нагласува дека граѓаните ќе проценат кој чесно ќе му служи на народот.
– Во земјава владее полтички монопол кој ги става во сенка малите партии има една африканска изрека која вели„ ДВАТА ЧЛЕНА КОГА СЕ ТЕПААТ И МРАВКИТЕ БЕГААТ“, ние оставаме граѓаните да одлучат и да им веруваат на оние кои чесно ќе му служат на народот, смета Поликарп.
Б.М.