Новинари од различни медиуми се собраа вечерва пред зградата на српската Влада во Белград, протестирајќи поради односот на политичарите кон таа професија и за поддршка на новинарката од телевизијата Б92, на која министерот за одбрана Вратислав Гашиќ и се обратил непристојно.

702478_online-5_f

Претседателот на НУНС, Вукашин Обрадовиќ изјавил дека „треба да се запрашаме како дојдовме во таа ситуација, политичарите и останатите да бришат под со нас“.

Коментирајќи ја изјавата на Гашиќ, кој рекол дека „сака новинарки кои лесно клекнуваат“, Обрадовиќ истакнал дека всушност цела новинарска професија е на колена и треба да се запраша како стигнале до ситуација да бидат така понижувани.

– Треба да се запрашаме како дојдовме во оваа ситуација еден политичар да ни ја навредува колешката на начин, кој кај нас е незабележан, нагласи Обрадовиќ, порачувајќи дека и новинарите и политичарите треба да извлечат поука од овој случај.

Слични содржини