Театрите на Бродвеј во Њујорк одлучија да не работат вечерта на денот на општите избори во САД.
Како што јави АП, познатите претстави нема да се играат идниот вторник заради епилогот на предизборната борба, која оваа година е придружена со невидено жешки страсти.
Фановите на мјузиклот ќе ги пропуштат на 8 ноември познати во целиот свет “Мачки” (Cats), “Чикаго” (Chicago), “Фантомот од операта” (The Phantom of the Opera), “Училиште за рок” (School of Rock), како и многу други.
Сепак претставите “Аладин” (Aladdin), “Кралот Лав” (The Lion King) и пиесата која собра многу театарски награди “Тони” оваа година, хип-хоп мјузиклот “Хамилтон”, ќе се играат.