Еден на секои тројца Белгијци ги  променил навиките по нападите во Брисел во 2016 година. Ова станува јасно од годишно истражување на белгискиот Институт за безбедност на патиштата, во кое луѓето се прашани за нивното чувство на безбедност како целина, информира “Политико”.

Истражувањето открива уште дека нападите во март на аеродромот во Брисел и на метро станица ги засегнале животите на луѓето, и оставило сериозни траги .

“Луѓето избегнуваат преполни места, како што се трговски центри или кина. И тие се недоверливо кон непознати”, рече портпаролот на институтот.

20% од 2 100 испитаници веруваат дека е веројатно да биде извбрана нова напад. Половина од испитаниците наведуваат дека веројатноста да биде извршен напад ги држи будни постојано и деноноќно.

Повеќе од половина се на мислење дека нема реално решение на терористичките закани, додека 84% сметаат дека терористичките закани се дел од секојдневјето.