„Политико“: Албанија, Косово и С. Македонија се најпроамериканските земји во Европа, можеби и во светот

од Vladimir Zorba
345 прегледи

Албанија, Северна Македонија и Косово го потврдуваат сојузот со САД со прифаќање на авганистански бегалци, пишува денеска бриселскиот портал „Политико“.

Оваа одлука на Тирана, Скопје и Приштина е поврзана со незадоволството од одложувањето на влезот во Европската унија, што ги тера да сакаат да ја добијат наклоноста на Вашингтон, пишува изданието.

Албанија, Косово и Северна Македонија беа првите во Европа што рекоа дека ќе обезбедат привремено засолниште за Авганистанците кои се упатија кон САД, откако Талибанците ја презедоа власта во Авганистан.

Се ослободија студентски домови за Авганистанците кои пристигнаа во Албанија, каде денеска треба да пристигнат првите бегалци, додека Северна Македонија објави дека ќе бидат достапни одморалишта и хотели. Косово вели дека има капацитет да прими до 10.000 луѓе.

Тирана, Скопје и Приштина се надеваат дека ќе се приклучат кон Европската унија, иако се уште има значителни пречки на патот. Тоа е една од причините зошто тие многу се потпираат на односите со САД, пренесува Политико.

Тоби Вогел од Советот за политика за демократизација смета дека Албанија, Косово и Северна Македонија се „најпроамериканските земји во Европа, можеби и во светот, и во однос на расположението на луѓето и политичката класа, без оглед на администрацијата на власт во САД “.

„Ќе направат многу за да ги исполнат сите барања што САД би можеле да ги имаат“, додаде Вогел“, пренесе Политико.

Слични содржини