Полицаец и неговиот татко обвинети за насилство во Гостивар

од Берта Китинска
266 прегледи

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Двајцата соизвршители, син и татко на возраст од 30 и 54 години, наведеното дело го сториле на 20 април, во чекалница пред судница на гостиварскиот суд. Тие физички ја нападнале поранешната вонбрачна сопруга на првообвинетиот и нејзиниот татко, удирајќи ги со тупаници и клоци по главата и телото и нанесувајќи им телесни повреди. Во исто време, обвинетите со своето однесување предизвикале чувство на вознемиреност и страв и кај другите присутни.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот, инаку полициски службеник, додека за неговиот татко на сила се определените мерки на претпазливост.

Слични содржини