Млада скопјанка нападнала полициски службеник пред локал во центарот на Скопје, информираат од МВР.
Синоќа околу полноќ пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски служебници од СВР Скопје е лишена од слобода В.А.(21) од Скопје.
Таа физички нападнала полициски службеник при вршење на службена дејност, велат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.