Полицаец од Казахстан скокнал од прозорецот на 13-ти кат додека го бркал осомничениот за сексуален напад врз тинејџерка. Полицаецот не само што не загинал, туку успеал да го фати и осомничениот.

Полицаецот Бакџитјан Бакиров учествуваше во апсењето на маж кој претходно провалил во стан во најголемиот град во Казахстан, Алмати, украл голема сума пари и сексуално нападнал 15-годишно девојче.
Бакиров се претставил како водоводџија да влезе во изнајмениот стан на осомничениот, на 13-ти кат од станбена зграда.
Сепак, чувствувајќи дека нешто не е во ред, осомничениот се обидел да избега, одлучувајќи се за скоро самоубиствен потег скокајќи од прозорецот. 13-ти кат е на висина од повеќе од 30 метри, но одлучниот полицаец без двоумење го следел осомничениот во бегството.
„Имав само една мисла во главата – морам да го фатам! Не размислував за ништо друго. Дури и не сфатив како скокнав, но немав страв“, се сеќава Бакиров.
Овој потег можеше да заврши трагично за полицискиот службеник, но за среќа, тој слетал на терасата која била само два ката подолу. „Немав претстава дека таа е таму“, рече тој.
Осомничениот, кој го избрал прозорецот како патека за бегство, очигледно знаел за терасата. Како и да е, тоа не му помогна многу, затоа што Бакиров го фатил и не го пуштил да оди додека не пристигнат засилувањата. И тој го сторил сето тоа и покрај сериозната фрактура на стапалото за време на падот.
Полицаецот признал дека се исплашил дури откако се завршило.
„Имаше реална шанса мажот само да се обиде да изврши самоубиство за да не биде одговорен за своите злосторства“, рече тој.
Фаќањето педофили, сепак, станало лично за Бакиров, кој исто така е и самиот татко.
По овој напор, херојскиот полицаец беше награден со медал. Тој веќе поминал три операции на повреденото стапало, а лекарите даваат оптимистичка прогноза.
„Тие велат дека наскоро ќе можам повторно да ги бркам криминалците“; рече Бакиров.
https://www.youtube.com/watch?v=AJ3FYmAd1lE&feature=emb_title