Полицаец во цивилка спаси шпанска специјалка од линч во Барселона (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Ситуацијата во Каталонија се вжештува, а тоа го покажува и видеото во кое еден полицаец во цивилка успеа да спаси припадничка на шпанските специјални полициски сили да не биде линчувана од толпата во Барселона.

Во видео објавено од шпанската Цивилна гарда се гледа како специјалката останува целосно опкружена од толпа каталонски радикали, познати како Комитет за одбрана на Републиката (ЦДР), коишто ја соборија на земја и почнаа да ја шутираат.

Сепак, по енергичната реакција на полицаецот во цивилка, линчот беше сопрен, а припадничката на специјалните сили едвај спаси „жива глава“.Инцидентот се случи за време на протестите во Барселона против одлуката на шпанскиот Врховен суд за „Процес“, со која се потврдуваат затворските казни за неколкумина каталонски политички лидери.

Слични содржини