Полицајци се заглавиле во лифт, па им избегале дилерите кои требало да ги апсат

од Milan1

Полициска акција доживеала фијаско, бидејќи група припадници на специјалната полиција, кои имале задача да уапси двајца дилери, се заглавиле во лифт на станбена зграда.

Според информациите кои за порталот Кликс се потврдени од повеќе извори, групата припадници на Специјалната единица на Управата на полицијата на министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон минатиот петок тргнала на задача во рамки на која требало да уапсат две лица осомничени за пуштање дрога во промет.

Осомничените се наоѓале во стан на 13 кат на станбена зграда во Тузла. Меѓутоа акцијата, според неофицијални информации, не успеала бидејќи четворица полицајци се заглавиле во лифтот кој бил наменет за две лица.

Извори на Кликс наведуваат дека заглавените полицајци потоа побарале помош, а таквата ситуација осомничените дилери ја искористиле како прилика за бегство, со фрлање на одредено количество дрога кое го имале со себе.

Набрзо потоа заглавените полицајци неповредени биле извлечени од лифтот, а како учесници на акцијата која доживеала целосно фијаско се вратиле во просториите на единицата, без дилерите кои се и понатаму на слобода.

Дали и на каква казна ќе бидат подложени полицајците кои непромислено влегле во лифтот засега не е познато, а управата на полиција на Тузла засега не огласува официјално за овој случај.

Слични содржини