Полицајци во САД спасија самоубиец со смартфоните

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Американски полицајци се послужиле со апликација за превод на паметните телефони, за да го спасат човекот, кој се закани со самоубиство на аеродромот во Лос Анџелес. 5075248Мажот не зборувал ни збoр друг јазик освен корејски. Полицијата објаснува во соопштението како нејзините вработени, пристигнале на место, но се покажале беспомошни пред мажот качен на настрешница на катна гаража, кој очигледно сакал да скока.

Тие не можеле да му кажат ништо, бидејќи мажот зборувал само корејски. Двајца од нив сепак се сетиле да искористат апликација за превод на смартфоните. Тие успеале да го убедат мажот да се приближи на настрешницата на зградата, за да види што му прикажале на екранот на телефонот.

Откако тој се приближил, тие успеале да го фатат. Мажот е однесен во психијатриска клиника, за да биде лекуван.