Полицајците ги „ловат“ прекршоците на несовесните возачи: Напишани 85 казни во Скопје

од Берта Китинска
124 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.07.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 85 мерки, меѓу кои 11 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење без возачка дозвола…Сообраќајните контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.