„Цврсто сме уверени дека полициските службеници имаат изграденo голем професинализам и интегритет во работење и тие во никој случај при своето професионално работење и постапување со граѓаните, не се водени од родовите стереотипи и предрасуди“, реагираат од Македонскиот полициски синдикат по вчерашните наводи на Платформата за родова еднаквост во врска со случајот „Јавна соба“
Тие велат дека нема да дозволат како Синдикат, поедини случаи да бидат генарилизирани и на тој начин да се навредуваат и омаловажуваат полициските припадници дека се непрофесинални, неетички а најмалку дека се родово несензибилизирани или во рамките на своите полициски постапувања и овлстувања истите се водени од прерасуди и стереотипи.
„Македонскиот полициски синдикат во континуитет работи на заштита на правата на полициските службеници и нивните секојдневни обврски кои истите ги имаат во извршувањето на службените задачи и во никој случај нема да дозволи на ваков начин истите да бидат омаловажени и навредени. Колку за потсетување сведоци сме и свесни сме дека полицаец го загуби животот при интервинарање на пријава за семејно насилство во Куманово што за жал можеме да констатираме дека на ваков начин докажуваме дека полициските службеници по секоја пријава постапуваат и превземаат мерки со што за жал понекогаш има и трагичен крај“, реагираат од Македонскиот полициски синдикат.
Според нив, нема потреба од дополнителни правни акти во МВР за уредување на санкционирање во случај на семејно насиство, затоа што, како што велат, „доколку другите институции надлежни за справување и заштита на жртвите од семејното и родово базираното насилство би биле „законски уредени и подредени“, како тоа што е правно и институционално регулирано како во МВР, тогаш со сигурност би тврделе дека насилниците ќе бидат соодветно санкцинирани“.