Полицајците обвинети за убиството на Џорџ Флојд на судењето вината ја префрлувале едни на други

од Aleksandar Petrovski
104 прегледи

Четворица поранешни полицајци обвинети за смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд може да се најдат одделно пред поротата, иако заедно учествувале во злосторството, пишува Дејли Бист. Нивните адвокати се на мислење дека заедничкото судење би било против „интересите на правдата“, бидејќи постојат индиции дека четворицата се вртат едни против други.

Адвокатите на Дерек Шовин, Ту Тао, Томас Кеј Лејн и Џеј Александар Куенг сметаат дека нивните клиенти треба да имаат одделни судења, земајќи го предвид медиумското покривање и улогата што секој ја играл во трагичното апсење. Адвокатите на Лејн и Куенга изјавија дека нивните клиенти го следеле само Шовин, додека неговиот адвокат е на мислење дека Флојд ќе беше жив ако полициските службеници повикаа брза помош порано.

Властите во Минеаполис ја обезбедија областа околу зградата на судот поради денешните планирани протести. Штици се поставени на прозорците на владините згради, а полицијата поставува ограда за да ги држи демонстрантите настрана.

Да потсетиме, Флојд почина на 25 мај во Минеаполис, кога полицаецот Дерик Шовин го притисна со коленото во вратот скоро осум минути при апсењето, додека Флојд неколку пати повтори дека не може да дише.

Слични содржини