Полицијата апелира жителите на Тетово да не се движат во реонот кај пожарот

од Берта Китинска
234 прегледи

Голем пожар изби утрово во кругот на поранешната фабрика „Македонија табак“ на излезот од Тетово.

-Во 09.30 часот во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во магацин за складирање на производи на тетовска фабрика, лоциран помеѓу улиците „Маршал Тито“ и „Борис Кидрич“ во Тетово. Според првичната пријава нема повредени лица, а екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово преземаат мерки за гаснење на пожарот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Побарана е и хеликоптерска поддршка.СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување, поминување или задржување на местото на пожарот.