Терористот, кој преоблечен како дедо мраз ноќеска пукаше во елитен ноќен клуб во Истанбул, е ликвидиран. Ова го пишува весникот Guardian, повикувајќи се на претставници на турските власти.

Во ноќен клуб во турскиот град Истанбул за време на прославите на  на нова година беше извршено напад, при што загинаа 39 лица. Меѓу жртвите има најмалку 16 странци. Тоа  стана јасно по изјавите  на турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу. Во моментот се идентификувани 21 од загинатите. Други 69 лица се сместени во болница со различни повреди.