Полицијата истражува лажна информација за почината жена во Кочани

од Берта Китинска
301 прегледи

Лажна информација за почината жена од Кочани е предмет на полициска истрага, откако во неделата попладне поради сериозни здравствени проблеми таа била однесена во кочанската Општа болница.

Полициски час

Членовите на нејзиното семејство добиле известување за случајот по што почнале подготовки за погреб, но кога со погребен оператор отишле да го подигнат телото на жената дознале дека таа е жива.

-Мојата 58-годишна мајка има прележано два мозочни удари и поради влошување на здравствената состојба побаравме итна медицинска помош, по што ја однесоа во болницата. Вечерта ни јавија дека починала, поради што ги известивме роднините и пријателите, купивме погребна опрема, обезбедивме гробно место и испечативме некролози. Утредента кога отидовме да ја земеме од болницата ни рекоа да почекаме додека најдат на кое одделение починала. Ја најдовме на интерно, но нè известија дека е жива, истакна синот Благојче Дончев.

Од Општата болница во Кочани го потврдија случајот за кој веќе е спроведена внатрешна контрола, по што е повикана и полицијата.

– Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница Кочани.

Од семејството Дончеви рекоа дека очекуваат соодветни санкции за сите вклучени во случајот, а поради состојбата со коронавирусот не можат да ја посетат мајка си, па сите информации за нејзината здравствена состојба ги добиваат преку матичниот лекар.

Слични содржини