Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера во Скопје полицијата изрече вкупно 161 мерка, од кои 35 се за возење повеќе од дозволената брзина, 16 за возење без возачка дозвола, 5 за возење под дејство на алкохол и 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Исто така, изречени се три мерки за неносење на сигурносен појас, четири за минување на црвено светло, 4 за возач почетник, како и 56 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.