276
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 20 мерки за возење под дејство на алкохол, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, 13 санкции за возење без возачка дозвола, осум мерки за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас.
Засилените акциски контроли продолжуваат.